ОГЛАС ЗА РАБОТНИ АНГАЖМАНИ НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Универзитет Св. Климент Охридски Битола

Факултет за информатички и комуникациски технологии,

Ул.Партизанска бб, 7000 Битола

www.fikt.edu.mk

Проект: Прекугранична иницијатива за интегрирани здравствени и социјални сервиси што промовираат безбедно стареење, рана превенција и независно живеење за сите (Cross-border initiative for integrated health and social services promoting safe ageing, early prevention and independent living for all (CROSS4ALL))

ОГЛАС ЗА РАБОТНИ АНГАЖМАНИ НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) – Битола, спроведува проект Прекугранична иницијатива за интегрирани здравствени и социјални сервиси што промовираат безбедно стареење, рана превенција и независно живеење за сите (Cross-border initiative for integrated health and social services promoting safe ageing, early prevention and independent living for all (CROSS4ALL)) во рамките на INTERREG-IPA CROSS-BORDER COOPERATION PROGRAME GREECE-FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA – 2014-2020.

Партнери на проектот:

  1. ARISTOTLE UNIVERSITY OF THESSALONIKI – SPECIAL ACCOUNT FOR RESEARCH FUNDS – Department of Medicine,
  2. Универзитет Св.Климент Охридски – ФИКТ-Битола

3.National Confederation of Disabled People- Branch of Northern Greece,

4.Општина Охрид,

  1. Општина Неаполи-Сикиес,

6.Институт за превенција, третман и рехабилитација на кардиоваскуларни болести Св.Стефан Охрид

 

Цели на проектот:

Да се забрза здравствената писменост и дигитална здравствена писменост и да се промовира здравствено само-управување (self-management) преку пилот иновативни практики за подобрување на здравствени и социјални сервиси. Да се дизајнираат иновативни практики за подобрување на пристапот за ранливи групи и за справување со здравствени нееднаквости;

Да се подобри капацитетот на здравствените професионалци и инфраструктурата и ефикасно да се прилагоди на потребите на таргет групата;

Да се воспостават нови механизми фокусирани на условите на сиромаштија, сервиси на конформност и советување дома, влучувајќи рурални и изолирани области;

Да се мобилизираат неактивни индивидуалци и да се одблокира нивниот потенцијал во нудење на сервиси на оние на кои им е најмногу потребно;

Да се промовира зедничка стратегија за развој на интегрирана здравствена и социјална грижа без граници.

Времетраење на проектот: 24 месеци 02.04.2018 до 1.4.2020

 

Со цел за успешна реализација, ПроектотCross4All има потреба од ангажирање на надворешни лица за Развој на мобилни апликации за аквизиција на податоци за контрола на витални знаци на живот и контролни екрани за пациентите и лекарите, наведени под WP5 – D.5.2.2. во CROSS4ALL.

Локација: Работа на локалниот cloud на ФИКТ – Битола.

 

Хонорар: Бруто саатница од 6,4 евра во денарска противвредност (за предвидените работни саати)

Потребни квалификации на кандидатите:

  • Високо образование од областа на ИКТ, Computer science или слично ќе биде предност (како и повисок степен на образование)
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за програмирање на мобилни апликации (Skills:

-Android development experience with REST based backend services

-Android Bluetooth SDK Experience

-Bluetooth Communication Knowledge and Experience

  • Работно искуство во програмирање на мобилни апликации

Активности:

-Програмирање на мобилни платформи и аквизиција на податоци од апарати кои мерат витални знаци на живот на пациенти на мобилни уреди и на Cloud платформа

-Портал за мобилни апликации за надгледување и контрола на собраните и зачуваните податоци од пациентот според стандардите за безбедност кои важат во Р.Македонија и реонот

 

Ангажирањето е на определен временски период. Кандидатите не засниваат работен однос.

Заинтересираните кандидати да достават:

-Пријава за позицијата за која конкурираат

-Кратка биографија (CV) со докази за бараните вештини и квалификации со релевантни документи во прилог

 

Краен рок за доставување на понудите: 15.06.2019 година до 15 часот

 

Документите треба да се достават во архивата на ФИКТ Битола или на електронска пошта cross4all@fikt.edu.mk со напомена за позицијата на која се пријавуваат.

 

Напомена: изборот ќе го врши комисија и само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и поканети на интервју.

29.05.2019

 

Локален раководител на проектот Cross4All за ФИКТ Битола

Вонр. проф. д-р Снежана Савоска