Историја

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ е нова единица на битолскиот Универзитет и е формирана во 2014 година, со Закон за основање на Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Факултетот за информатички и комуникациски технологии ќе врши високообразовна дејност како додипломски, последипломски и докторски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност од научните полиња ИНФОРМАТИКА (110) и КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА (212) (член 2 од Законот за основање на Факултетот). Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет комплетно фокусиран на едукација на информатички кадар.