Мисија

Мисијата на Факултетот за информатички и комуникациски технологии е обезбедување континуирано образование на високостручен кадар оспособен компетентно да решава проблеми и да им излегува во пресрет на предизвиците на новото време, односно континуирано образование на стручни и претприемчиви индивидуи од областа на информатиката и новите технологии, кои ќе бидат конкурентни на државно и меѓународно ниво, преку висококвалитени студиски програми од научните полиња „Информатика“ и „Компјутерска техника и информатика“.