Dr. Elena Vlahu-Georgievska

evlahu
Предмети
Архитектура на компјутери
Веб дизајн
Визуелно програмирање
Информатичко општество

Кабинет ФИКТ

Email elena.vlahu@fikt.edu.mk, elena.vlahu@uklo.edu.mk

Консултации среда 10.00-12.00, петок 13.00-14.00



Биографија
Родена на 05.03.1979 година во Битола. Дипломира во 2002 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на студиската програма Компјутерска техника, информатика и автоматика. Во 2010 година магистрира на истиот факултет со магистерскиот труд “Повеќе-агентни системи базирани врз Петри мрежи и нивна примена во социониката”. Докторира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје во 2013 година со јавна одбрана на докторската дисертација „Колаборативен модел на информациски систем за здравствена заштита“.Во периодот од 2002 до 2006 работи како програмер во Мегасофт Инфоцентар Битола, каде активно е вклучена во изработката на софтверски решенија на апликации за мали и средни претпријатија. Академската кариера ја започнала во 2007 година, кога се вработила како соработник(помлад асистент) на Факултетот за Администрација и менаџмент на информациски системи во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Нејзиниот научен интерес е насочен кон областите: колаборативни алгоритми, информациски системи, е-здравство, програмски јазици.