Барање за доставување на понуди за проектот EMPLOYOUTH

Почитувани,

Со оваa порака сакаме да Ве поканиме да доставите понуда за техничка поддршка при организација на состанок на проектниот тим на проектот Creating Employment Opportunities of Young Graduates in the CBArea EMPLOYOUTH имплементиран од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, а поддржан од страна на Европската унија и националните фондови на земјите учеснички.

Карактеристиките кои треба да ги задоволува понудената техничка поддршка детално објаснети во Референтните услови за техничка поддршка при организација на состанок на проектниот тим на проектот EMPLOYOUTH кои Ви ги доставуваме во прилог.

Понудата (скенирана со потпис и печат) можете да ја доставите преку e-mail нa employouth@fikt.edu.mk, преку пошта (курир) на адреса Факултет за информатички и комуникациски технологии, ул. Партизанска бб, 7000 Битола или лично во просториите на Факултетот, секој работен ден од 8:00 до 15:00. Понудата треба да ја добиеме најдоцна до 16.10.2018 до 14:00 часот.

За сите дополнителни информации можете да се јавувате во Факултетот за информатички и комуникациски технологии, контакт лице проф. д-р Игор Неделковски, на тел 075 222 185 или да пишувате на e-mail: employouth@fikt.edu.mk

Благодарам,

Проф. д-р Игор Неделковски
Менаџер на проектот

-Барање за понуди

-Референтни услови

-Формулар за понуда