БИТОЛА ДИГИТАЛЕН ГРАД

Како што ни заврши годината според Грегоријанскиот календар со убави вести околу изградбата на зградата на ФИКТ, така ни завршува и годината според Јулијанскиот календар.

Имено, денес добивме убава вест дека ФИКТ, односно нашиот Битхаб е вклучен во програмата на Британскиот совет за Дигитални градови.

Од Битола ќе биде вклучена и Општината Битола како учесник од властите.

Во рамките на оваа програма на Британскиот совет ќе се јакне капацитетот на Македонските институции, за потоа во партнерство со Британски институции да иницираат заеднички проекти од ИТ сферата.

Сметаме дека оваа програма за студентите и вработените на ФИКТ, како и за ИТ индустријата во Битола ќе креира нови можности за идна проектна и деловна соработка со институции и компании од Обединетото Кралство.

 повеќе