ВИЗИТИНГ ПРОФЕСОР НА ФИКТ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Програмата Еразмус + овозможи еднонеделна посета на д-р Љупчо Тодоровски http://kt.ijs.si/~ljupco/, професор по информатика на Факултетот за администрација при Универзитетот во Љубљана, Словенија и угледен истражувач на подрачјата на машинско учење и податочно рударење со преку 2000 цитати на своите трудови http://scholar.google.si/citations?user=DN09Bw0AAAAJ. Во рамките на посетата, во периодот од 24 до 30 Април 2015 година профосорот Тодоровски ќе одржи предавања на ФИКТ Битола: студентите од II циклус студии имаат можност да следат предавања по предметот Податочно рударење.

 

Пренесувањето и размената на знаења и искуства, дополнето со отворањето на можности за понатамошна соработка на повеќе полиња (проекти, мобилности, заеднички студиски програми), се главните придобивки од посетата овозможена од оваа престижна европска програма за мобилност.