Гостувачко предавање на тема „Безбедност на лозинки – 35 години без промена? Маркови модели како алатка за проверка на моќноста на лозинките“

На 10.05.2016 год. (вторник), со почеток од 12 часот во П1 Виктор Танески, докторант на Факултетот за електротехника, компјутерска техника и информатика FERI, Универзитет во Марибор, кој престојува на ФИКТ  во рамките на програмата Erasmus+, ќе одржи гостувачко предавање на тема „Безбедност на лозинки – 35 години без промена? Маркови модели како алатка за проверка на моќноста на лозинките“.