Гостувачко предавање на тема РЕАКТИВНО ПРОГРАМИРАЊЕ на ден 10.05.2016(Вторник) со почеток во 10:30 часот

Гостувачко предавање на тема РЕАКТИВНО ПРОГРАМИРАЊЕ на ден 10.05.2016(Вторник) со почеток во 10:30 часот

 

На 10.05.2016 година (Вторник) од 10:30 – 12:00 часот во Амфитеатарот на ФИКТ (А1) ќе се одржи гостувачко предавање од претставник на софтверска компанија Seavus.

Предавањето е на тема: РЕАКТИВНО ПРОГРАМИРАЊЕ

Предавач:

Мартин Илиевски

Oracle Certified Master

 

Опис:

“За повеќето од нас, да бидеме “поврзани” е дел од нашето секојдневие, било тоа да е преку апликациите на нашите паметни телефони или преку веб порталите. При нивното користење, очекуваме податоците што ги добиваме преку нив да бидат секогаш “свежи”.

Со зголемената популарност на реактивните архитектури, се поголем број на програмери се соочуваат со потешкотии да “размислуваат реактивно” – да ги напуштат старите навики стекнати во императивно програмирање и да започнат да размислуваат на поинаков начин.

Ќе бидат објаснети концептите на реактивно програмирање, реактивна апликација, функционално реактивно програмирање и истите ќе бидат демонстрирани преку веб апликација.”

 

Поканети се сите заинтересирани студенти и професори да присуствуваат на предавањето