Гостувачко предавање од компанијата Нетцетера

Во понеделник 27.03.2017 г. од 10 часот на ФИКТ ќе се одржи гостувачко предавање од претставници од швајцарската компанија НЕТЦЕТЕРА на тема “Софтверско тестирање во вистинскиот свет”. Предавањето ќе опфати техники за софтверско тестирање, различни пристапи при тестирање, теорија и практични искуства од вистинскиот свет. Ќе се прикажат голем број на практични примери од сите нивоа на софтверскотот тестирање.
Се покануваат сите студенти на ФИКТ да го следат предавањето.