Гостувачко предавање на Jonathan Banks на 13 ноември 2019 година

Континуираната соработка помеѓу Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Американската амбасада – Скопје, која успешно се реализира во изминатиот период преку различни активности, продолжува и во тековната година.
Една од многубројните заеднички активности е и предавањето на господинот Jonathan Banks, експерт и говорник коj доаѓа од САД и чие поле на експертиза е изнаоѓање иновативни решенија, и користење на технологии во борбата против климатските промени.
Станува збор за гостувачко предавање кое се планира да се одржи на 13 ноември 2019 година, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, со почеток во 11.30 часот, со предвидено времетраење од  1 до 1.5 час.