Доделување на вредносен бон-ваучер

Во рамките на проектот на Министерството за информатичко општество и администрација за доделување на вредносен бон-ваучер за купување на таблет компјутери со надворешна тастаура за потребите на редовните студенти, Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола , активно се вклучи во кампањата, и беа доделени 75 ваучери кои ќе дадат позитивни ефекти за понатамошното студирање на студентите на ФИКТ.