ДОДЕЛУВАЊЕ НА 10 ШКОЛАРИНИ ОД ИТ КОМПАНИЈАТА SEAVUS

Почитувани Студенти, најголемата ИТ компанија во Македонија SEAVUS доделува 10 школарини за студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола во висина од 200 EUR. Школарините ќе им бидат доделени на 10 студенти кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето кое ќе се спроведе на Факултетот за ИКТ – Битола. Услов за полагање на тестот е студентите да бидат од 2-ра, 3-та или 4-та година на студии, со просечен успех од најмалку 8,50.

Рокот за пријавување на заинтересираните студенти е 18.10.2015. Информации за  денот на полагање на тестот дополнително ќе бидат објавени.

Линк за регистрација: http://goo.gl/forms/zaf0ucKRFn