Донација од ARM за ФИКТ

Компанијата ARM преку својата универзитетска програма, за ФИКТ, одобри шест Cypress Bluetooth Low Energy (BLE) IoT развојни платформи базирани на 32-bit ARM Cortex-M0 PSoC микропроцесори. Оваа опрема ќе ги зајакне капацитетите на Факултетот за изведување на наставата по неколку предмети, како и научно-истражувачките активности на ФИКТ. Слична опрема неодамна беше добиена и од Xilinx и Intel (Altera), и истата веднаш е ставена во функција за подигање на квалитетот на наставата. Донациите од вакви компании – технолошки гиганти во ИКТ индустријата, се доказ за препознатливоста и квалитетот на студиските програми и научно-истражувачките и развојни иницијативи на ФИКТ!

arm