Законски прописи како можност за формирање на Старт ап компанија

Во насока на подобрување на легислативата и нејзина полесна имплементација, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе организира информативен настан чија цел е доближување и подобро запознавање на бизнис заедницата со законските прописи поврзани со формирање на старт ап компанија. Настанот ќе се одржи на 03 јули од 11:00 часот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитет „Св. Климент Охридски„ – Битола.
На настанот ќе бидат покриени следните теми: старт ап еко систем, законска рамка која се однесува на старт ап заедницата и можности за нејзино подобрување, искуства при лансирање на старт ап акцелераторот, проширување на старт ап компаниите на домашни и странски пазари, споредба со регулативата во другите земји, предизвиците на стартапите во развојниот животен циклус, а ќе биде направена и споредба помеѓу домашен и странски претприемач.
Целта на настанот е да ја доближи правната регулатива до компаниите, а компаниите ќе имаат можност преку дискусија да ги изразат своите проблеми и предлози за подобрување на регулативата. По настанот, проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива ќе ги сублимира предлозите добиени од бизнис заедницата и ќе ги достави до надлежните институции.
Фасилитатор на настанот ќе биде проф. д-р. Азир Алиу, професор на Универзитет на југо-источна Европа.
Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 02 јули 2019 година (вторник) на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdPoftecVOY6MUen9OYchFG6lVn_BTO9tLJbqeq-aMa0HpF6Q/viewform
или тел: 075 280 507 – лице за контакт Елена Столеска.Image may contain: text