ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБУКА „ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ“

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБУКА „ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ“

Во рамките на проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ на 16-17.02.2018 година, со почеток во 09:00 часот во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)- Битола, ќе се одржи обука за тема: „Финансиско знаење“. Во дводневната обука подетално ќе се обработуваат тематските целини: финансиски и кредитни институции, кредитирање, штедење, депозити, камати, хартии од вредност, кредитини картички, трошоци, цена на чинење, бизнис план, финансиски извештаи итн. По завршувањето на обуката секој од учесниците ќе се стекне со сертификат за завршена обука за финансиско знаење. Обуката е наменета за младинци, студенти и сите заинтересирани за продлабочување на знаењата од областа на финансиите. За сите подетални информации може да се обратите кај контакт лицата.

Контакт лица:

  1. Доц. д-р Божидар Миленковски, bozidar.milenkovski@fikt.edu.mk
  2. Проф. д-р Моника Марковска, monika.markovska@fikt.edu.mk