Интернационален Game Jam Plus натпревар

Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, ги поканува студентите да земат учество на интернационалниот Game Jam Plus натпревар. МАГДА има 9-годишно искуство во организирање на game jam настани, како и конференции и обуки за развивање на дигитални игри, но ова е прва година како го организираме Game Jam Plus. Натпреварот трае 7 месеца и има 4 фази на натпреварување. Започнува во петок 8-ми октомври 2021 г., ќе се одржи online и учеството на него е бесплатно. Регистрацијата е отворена до петок, 18 часот, преку Eventbrite на следниот линк Macedonia – GJ+ 21/22 Tickets, Fri, Oct 8, 2021 at 6:00 PM | Eventbrite

Game Jam Plus натпреварот потекнува од Бразил и 2021/22 е негово 6-то издание. Секоја година се проширува во нови земји и веќе се организира на сите континенти. Ако game jam настаните вообичаено се 48-часовни марaтони за развивање на игри, тогаш GJ+ е хипер маратон, поради што го носи и името Game Development World Cup. Натпреварот кој трае 7 месеци е поделен на следните 4 фази:

  • 1st STAGE – game jam на локално ниво, во тек на викендот 8-10 Октомври 2021г. На тимовите им помагаат ментори – професионалци од македонски студија за развивање на дигитални игри. На крајот од ова ниво секој учесник ќе добие сертификат за учество и стекнато искуство, а доколку е дел од победничкиот тим ќе добие сертификат за освоено прво, второ или трето место.
  • 2nd STAGE – акцелераторска фаза за најдобрите игри од првата фаза. Тимовите ќе работат заедно со ментори – професионалци од интернационални компании. Се запознаваат и со тимовите од други земји и се охрабрува соработката помеѓу нив. Оваа фаза се одвива во тек на 3 месеца, Ноември 2021 г. – Јануари 2022 г.
  • 3rd STAGE – Февруари 2022 г. кога се оддржуваат 5 големи настани за избор на најдобри игри на ниво на континент.
  • 4th STAGE – Мај 2022 г., големо финале во кое учествуваат 2 игри од секој континент.

На Game Jam Plus може да се пријави секој кој сака да се дружи и да развива игри, но се надеваме да сретнеме и амбициозни тимови чии игри би биле забележани на европско ниво и уште подобро да се пласираат на светското финале.

За повеќе информации за натпреварот може да ги погледнете нашиот Facebook настан и Facebook страница.
Game Jam Plus Македонија (GJ+ Macedonia) | Facebook
Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА | Facebook
Ова е официјалната веб страница на глобалниот настан: Home | GameJam+ (gamejamplus.com)
Интервјуто кое го направивме со креаторите и организаторите од Бразил може да го погледнете тука: Facebook Live | Facebook