Информативен настан во рамките на ЕУ-ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади“

Во Понеделник, на 07.08.2017 год, се организира информативен настан во рамките на ЕУ-ИПА Проектот „Поддршка за вработување на млади“ .Истиот е наменет за младите невработени лица, на возраст до 29 год. , активни баратели на работа.

Целта на истиот е младите лица да се информираат за можностите кои се нудат во рамките на Проектот, чија цел e полесно и побрзо враборување.

Сите компоненти на Проектот нудат можност за стекнување на вештини и знаења со кои лицата стануваат поконкурентрни на пазарот на трудот и полесно доаѓаат до вработување.

Една од поинтересните за студентите од ФИКТ е бесплатна обука за напредни ИТ вештини , односно за JAVA SE 8 и ISTQB Теster која се изведува од страна на лиценциран Microsoft обучувач.

Средбата е од неформалнен карактер и е насловена „На кафе со ЕУ ИПА Проектот“.
Ќе се одржи во понеделник на 07.08.2017 г. во Хотел Театар во Битола од 10:00-13:00.