Инфраструктурната експанзија на ФИКТ

ФИКТ продолжува со инфраструктурната експанзија. На 28.10.2019 беше потпишан договор со градежната фирма БВ Инженеринг – Битола за започнување на внатрешната адаптација на поткровјето, со средства од Европската Унија и националните фондови на РСМ, обезбедени во рамки на проектот EMPLOYOUTH. Поткровјето на ФИКТ ќе биде мулти функционален простор во кој ќе работат ИТ хаб и акцелератор, што значи најповеќе ќе служи за практична работа на студентите и нивно поврзување со ИТ индустријата.

web