Одржано предавање на тема „Interworks едукативна платформа“

ИТ Индустријата е толку динамична, што повеќе нема време кое би се инвестирало во секој „кој е без искуство“.

Самоиницијатива + истрајност + пожртвуваност + менторство =

подобра стартна позиција на пазарот на труд.

Претставници на Interworks, водечката IT консултантска компанија во југоисточна Европа, основана во 2004 година со седиште во Битола и нова канцеларија во Прилеп, со преку 100 вработени, на ден 17.04.2018 година одржаа предавање на тема „Interworks едукативна платформа“.

Станува збор за платформа за обука, учење, надградување, проверка и оценување на вештини, каде лесно може да се објават едукативни материјали, курсеви и тестови, а регрутерите, пак, лесно можат да го пронајдат потребниот кадар преку сортирање, оценување и рангирање на знаењата.

TRAINING INTERWORKS платформата можете да ја користите со креирање профил на https://training.interworks.com.mk.

Креирајте свој профил и започнете ја својата надградба! Она што Ве очекува во Interworks се интеграциски алатки кои се ретки во IT индустријата во Македонија и можности за индивидуален и професионален развој!

повеќе…

cof cof
cof mde