Компјутерски посредувана комуникација и социјални мрежи

Во рамките на реализацијата на предметот Компјутерски посредувана комуникација и социјални мрежи на 11 и 18 мaj 2017 г. во просториите на ФИКТ се реализира клиничка настава на тема „Компјутерски посредувана комуникација и дигитален маркетинг преку социјалните мрежи“. Гости-предавачи беа Магдалена Шамбевска, поранешен студент на факултетот, сега успешен директор на продажба и веб дизајнер, и Предраг Стојковски, извршен директор и еден од основачите на ИТ компанијата “Nova Solutions” од Битола (http://novasolutions.co/) – прва дигитална маркетинг агенција во нашата држава. Претставниците од компанијата Nova Solutions во чие портфолио се вбројуваат дизајн за апликација за фудбалските клубови Chelsea и Charlton, како и европската награда за освоено второ место за најдобра мобилна апликација доделена од светскиот бренд Ericsson, пред студентите на ФИКТ ги пренесоа своите искуства поврзани со Facebook маркетингот.

DSC_3082 DSC_3075 123