Конкурс за демонстраотри

Врз основа на член 110 став 1 точка 8 и член 163 од Законот за високото образование(Сл. Весник 82/18), како и член 47 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, наставно-стручни, научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, донесен на 164-та седница на Универзитетскиот сенат одржана на 21.09.2018 година и Одлуката на Наставно-научниот совет на Факултетот за информатички и комуникациски технологии– Битола бр. 02-579/3 од 23.10.2020 година, Факултетот за информатички и комуникациски технологии– Битола, објавува:

 

 

К  О  Н  К  У  PC

за избор на демонстратори

 

Се распишува конкурс за изборна Демонстратори од областите на:

 

  1. Катедрата за интелигинтни системи, моделирања и симулации
  2. Катедрата за пресметковно инженерство и мрежи
  3. Катедрата за софтверско инженерство и информациски системи

 

              Бројот на демонстратори кој ќе се избере по секоја од областите, ќе зависи од бројот на запишани студенти по предметите.

Кандидатите, треба да ги исполнуваат условите предвидени во член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82/18), како и посебните услови предвидени во член 46 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, наставни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, донесен на 164-та седница на Универзитетскиот сенат одржана на 21.09.2018 година.

Кон пријавата, кандидатите, во оригинал или во заверена копија кај нотар, ги доставуваат следниве документи: биографија/CV, потврда дека е студент на втор или трет циклус на студии, уверение со положени испитиод прв циклус на студии, две препораки од наставниците на Факултетот за информатички и комуникациски технологии– Битола,извод од матична книга.

Конкурсот трае 8 дена, од денот на објавувањето, а пријавите со потребните прилози се поднесуваат до Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола лично, или по пошта на адреса: „Партизанска“  б.б. 7000, Битола.

Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.

 
Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола