Конкурс за избор на најдобар есеј

Во рамки на активностите на Центарот за податоци и информации за Европска Унија (EUi) при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола  во соработка со ЕУ Инфо Центарот – Скопје и Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија по повод одбележувањето на Денот на Европа распишува

 КОНКУРС

 за избор на најдобар есеј на тема:

 „МОЈАТА ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА”

 Кој може да учествува?

Право на учество имаат студентите на прв и втор циклус на студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

 Правила на учество

  1. Секој студент може да конкурира со само еден есеј;
  1. Есејот (со 1200 – 1500 зборови), треба да биде напишан на македонски јазик, и најдоцна до 07.05.2018 година, да се испрати на следната е-mail адреса: angiest22@gmail.com со назнака: За КОНКУРС за најдобар есеј (ЕУи). Трудот треба да биде изработен во фонт Times New Roman (во македонска поддршка), големина на текстот 12 pt, единечен проред (spacing – single).

      3.Во прилог на есејот, студентот треба да достави:

  • ИЗЈАВА дека неговиот труд е негово оригинално дело;
  • Пријава која ќе ги содржи следниве информации:

 Име и презиме;

  1. Студиска година/циклус на студии/назив на единица;
  2. Контакт e-mail и контакт телефон;

 Временска рамка:

  1. Конкурсот е отворен од 30.04.2018 – 07.05.2018 година (заклучно со 07.05.2018, 23:59 часот).
  2. Оценувањето на добиените есеи ќе биде во периодот од 07.05.2017 до 08.05.2017 година, од страна на комисија составена од професори на Правниот факултет.

3. Свеченото прогласување на најдобрите есеи и доделувањето на наградите ќе биде за време на одбележувањето на Денот на Европа, на ден 09.05.2017 година, со почеток во 11.00 часот.