Конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација)

Врз основа на Одлуката за објавување конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација) и одобрување средства O бр. 415/1 од 4 јануари 2018 година Народната банка на Република Македонија објавува

КОНКУРС

за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација)

Со цел поттикнување поголем интерес за знаења од областа на економијата и финансиите, Народната банка на Република Македонија (во натамошниот текст: Народната банка) објавува Конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација).

Едукативната игра (веб/мобилна апликација) ќе биде наменета за пошироката јавност, а пред сè за младата популација. Преку играта младите ќе имаат можност да се забавуваат, да створат поголем интерес за областа на економијата и финансиите и да го збогатат сопственото знаење. Едукативната игра треба да биде создадена согласно со возраста на целната група, односно ликовите, цртежите, содржината, јазикот и сл. да бидат приспособени на: група I (деца од 6 до 12 години), група II (млади од 13 до 18 години) и група III (возрасно население 18+).

повеќе