Кoфинансирани грантови за новоосновани трговски друштва “Старт-ап” и “Спин –оф”

Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, на 11.02.2020 (Вторник) со почеток во 13:00 часот – Свечена сала, ве поканува на презентација за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кoфинансирани грантови за новоосновани трговски друштва “Старт-ап” и “Спин –оф”.
Целта на овој инструмент е да го потикне нивото на иновативност кај новооснованите препријатија преку обезбедување на неопходна финансиска поддршка за активности на истражување и развој, преку кофинансирање на предлог проекти до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 30.000,00 (триесет илјади) евра по апликант.
Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк: http://www.fitr.mk/startapuvaj-2/