Меѓународна конференција за информатички технологии AIIT 2018

Во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, во соработка со Техничкиот факултет од Зрењанин при универзитетот во Нови Сад, се одржа осмата меѓународна конференција Applied Internet and Information Technologies. Ова е втор пат конференцијата да се одржи во Битола, а почнувајќи од 2016 година, наизменично се организира во Битола и Зрењанин. На овогодинешното издание беа презентирани 40 научни трудови од автори од 6 држави, а присуствуваа повеќе од 50 учесници.

slika 4 slika 3
slika 1 slika 2