Можности за студирање во Германија

Во понеделник (17.10.16) во 12 часот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе се одржи презентација на можностите за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена (ДААД).