Наместо новогодишна честитка

Ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола проф. д-р Сашо Коруновски на средбата со новоназначениот В.Д. Декан, дел од членовите на Деканската управа и досегашните Продекани на ФИКТ, на 29.12.2017 год. ја најави долго очекуваната вест. Во Буџетот на Република Македонија за 2018, за инвестиции на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола се предвидени доволно средства за функционално заокружување на новата зграда на ФИКТ во текот на 2018 година.

Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека во 2018 година со средства од ИПА програмата на Европската унија и Националните фондови на РМ, во склоп на зградата на ФИКТ ќе започне и изградбата на Битхаб – ИКТ Акцелераторот, очекуваме во 2018 да се операционализира визијата за Битола како клучен центар во дигиталната економија на Република Македонија.

Со тоа конечно е пред реализација сонот на студентите и вработените на ФИКТ да учат и работат во простории опремени според најдобрите светски и европски практики за ИКТ образование.

Среќна нова 2018 година!

https://www.youtube.com/watch?v=fZR1bvfv9dQ