Нов главен уредник на научното списание на ФИКТ – ERSICT

Франческо Галло (Francesco Gallo) од Универзитетот во Л’Аквила, Италија, е новиот главен уредник (editor in chief) на научното списаниe на ФИКТ – ERSICT (http://www.ersict.org). Франческо е доктор на компјутерски науки и истражувач на департманот за компјутерско инженерство и математика (DISIM). Неговото прифаќање на функцијата главен уредник на ERSICT е резултат на иницијативите од двата универзитети и факултети за подигнување на нивото на меѓусебната соработка преку заеднички научно-истражувачки проекти и размена на студенти и кадар во областа на информатичко-комуникациските технологии.