Одбележување на Европската недела за кодирање

По повод одбележувањето на Европската недела за кодирање, која се одржува од 5-20 октомври оваа година, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии и ОУ „Св. Климент Охридски“, реализираат настани поврзани со кодирањето и програмирањето кои сеподдржани и спонзорирани од фондацијата Метаморфозис. Денес, во просториите на ФИКТ се одржа првиот настан, насловен како: „Програмирањето може да биде забавно“, Учениците од III одделение од ОУ „Св. Климент Охридски“, беа гости на ФИКТ, каде професори од факултетот одржаа работилница и предавања за кодирање и програмирање. Учениците имаа можност да видакт практично како да пишуваат кодови, да се забавуваат преку вежбите кои беа реализирани од страна на професорите. Во денешната работилница, беа присутни и студенти од ФИКТ кои имаа можност, стекнатите знаења од студирањето да им ги пренесат на најмладите, со цел понатаму да размислуваат како нивна идна професија. Несомнено, е дека овој настан им овозможи на најмладите да се запознаат со една особено актуелна професија на денешницата, професија која нуди широк спектар на можности и овозможува развој и поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух уште од најмала возраст. Во наредниот период следуваат уште два настани на тема: „Направи робот“ и „Математика преку компјутер“, кој ќе бидат реализирани во ОУ „Св. Климент Охридски“.

20191009_111604 20191009_111546 20191009_111500
20191009_112915 20191009_112910 20191009_112309
20191009_112837 20191009_112827 20191009_112818
20191009_111453  20191009_112304  20191009_112841
20191009_112309