Одбележување на Светскиот ден на науката, понеделник 12.11.2018, во 12 часот

Во понеделник, 12.11.2018 со почеток во 12 часот, во просториите на ФИКТ, Факултетот во соработка со Македонско научно друштво – Битола (МНД), заеднички ќе го одбележат Светскиот ден на науката 10 Ноември. На настанот ќе бидат претставени научните достигнувања на членовите на двете институции: научни изданија како и научно-истражувачки проекти, активности и иницијативи.
Ве покануваме заеднички да го одбележиме овој ден.