ОДРЖАН ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ФИКТ

На 01.10.2021 во просториите на ФИКТ, со одржувањето на свечениот час, официјално се означи почетокот на академската 2021-2022 година. На свечениот час присуствуваа новите студенти кои одлучија своето образование да го продолжат на овој факултет и нивните професори.

Од името на УКЛО се обрати проректорот, проф. д-р Игор Неделковски кој на новата генерација студенти им ја пренесе подготвеноста на Универзитетот за постојано јакнење на конкурентноста, напорите за поврзување со стопанството, можностите за нудење решенија и градењето партнерски однос со општествените чинители и реалниот сектор од опкружувањето.

На свечениот час, новата генерација студенти на ФИКТ ги поздрави и срдечно добредојде им посака и деканот на ФИКТ, проф. д-р Александар Маркоски. Запознавајќи ги со поставеноста, организацијата и севкупните услови на факултетот, деканот Маркоски истакна дека со стекнувањето диплома на ФИКТ веднаш по дипломирањето младите луѓе го започнуваат и својот професионален пат бидејќи побарувачката на информатички, стручен кадар е потреба за секоја сериозна и одговорна компанија.

Свое обраќање до студентите имаа и продеканот на настава и меѓународна соработка вонр. проф. д-р Андријана Боцевска, продеканот за финансии и соработка со стопанството вонр. проф. д-р Томе Димовски и Раководителот на Катедрата за софтверско инженерство проф. д-р Благој Ристевски.

sl002 sl001
 sl004 sl003