Одржан првиот Македонско-Израелски хакатон – BIТALON во Битола

Одржан првиот Македонско-Израелски хакатон – BIТALON во Битола на кој учествуваа: 111 учесници, 25 ментори и 15 судии од Македонија и Израел. Хакатонот се одржа на 10-11 Март 2018 г. во просториите на Центарот за култура во Битола. BITALON e иницијатива на Амбасадорот на Израел во Република Македонија, неговата екселенција г-нот Dan Oryan. Настанот беше поддржан од  Министерство за информатичко општество и администрација на РМ, Фондот за иновации, Општина-Битола и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Центарот за Култура – Битола, а во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола. Меѓу другите, на настанот учество зедоа актуелни и веќе дипломирани студенти од ФИКТ – Битола, кои влегоа во вториот круг од натпреварот и своите решенија на зададената тема – културното наследство на Евреите ќе ги презентираат денес, 12 Март 2018 г. пред стручно жири во Скопје. Првонаградените тимови ќе добијат престижна награда – студиска посета на врвни Акцелератори во Израел, под спонзорство на Амбасадорот на Израел.
Тимот на студенти кои учествуваа во организацијата на настанот беше посебно пофален од г-нот Амбасадор, а беше најавено и свечено доделување на благодарници на сите студенти-волонтери од ФИКТ-Битола.
hakaton