Петти Саем за Волонтеризам

Би сакале да ве поканиме на петтиот Саем за Волонтеризам организиран од Американското Катче Битола со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и во соработка со Локалниот Совет за Волонтерство на Општина Битола.

Саемот за Волонтеризам 2019, кој е единствен во регионот, ќе се одржи на 4-ти декември (среда) од 10:00 часот до 15:00 часот во Фоајето на Центарот за Култура – Битола.

Саемот за Волонтеризам оваа година ќе претстави 12 невладини организации од Битола и регионот, кои ќе ги презентираат своите волонтерски можности и ќе споделат нивни успешни приказни и проекти.

Саемот е отворен за сите заинтересирани, но е особено важен за младите луѓе – средношколци, студенти и млади професионалци – кои на овој Саем, на едно место, ќе имаат можност да се запознаат со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа.

– Волонтирај, но пред се информирај се!

2019 Community Service Fair Social Card