ПОВИК за мобилност во рамките на Е+ Програмата

Програма ERASMUS+

Академска 2019/2020

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2019 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

УКЛО објавува

ПОВИК

за мобилност во рамките на Е+ Програмата

 

KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

 

– мобилност на студенти за студирање

– мобилност на студенти за стажирање

– мобилност на академски кадар за настава

– мобилност на академски кадар за обука

 

Времетраење на мобилноста

*     Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

*     Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци

*     Кадри – пет работни денови (со минимум осум часови настава)

За академската 2019/2020, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2019 до 30/09/2020.

Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

*     редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

*     академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/tabs/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e)

 

Важно: пред пријавување

 

*     Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.

Потребни документи за пријавување на студенти

 

*     Пополнет формулар за пријавување

*     Потврда за редовен студент

*     Уверение за положени испити

*     CV (Europass формат)

*     Мотивационо писмо

 

Потребни документи за пријавување на наставни кадри

 

*     Пополнет формулар за пријавување

*     Потврда за редовен работен однос

*     CV (Europass формат)

 

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk <http://uklo.edu.mk/>  во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот на факултетот Никола Рендевски: 10 јуни 2019 година.