Повик за мобилност во рамките на Е+ Програмата

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

 

ПОВИК

Програма ERASMUS+

Академска 2017/2018

 

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2017 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

 УКЛО објавува

 

Повик

за мобилност

во рамките на Е+ Програмата

KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

 

– мобилност на студенти за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

– мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

 

 

Времетраење на мобилноста

 

  1. Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)
  2. Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци
  3. Кадри – пет работни денови со минимум осум часови настава

 

За академската 2017/2018, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2017 до 30/09/2018.

 

Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 

  • редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот
  • академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/tabs/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e).

 

 

Важно: пред пријавување

 

  • Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивационо писмо

 

Потребни документи за пријавување на наставни кадри

  • Пополнет формулар за пријавување
  • Потврда за редовен работен однос
  • CV (Europass формат)

 

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

 

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот: 12 јуни 2017

Рок за доставување на апликациите до Канцеларијата за МС: 16 јуни 2017

 

 Канцеларија за меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Рок за пријавување/доставување документи за ФИКТ: 19 јуни 2017 (Понеделник)