ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСТВО ВО СТУДЕНТСКИ РАБОТНИ ГРУПИ НА ФИКТ

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСТВО ВО СТУДЕНТСКИ РАБОТНИ ГРУПИ НА ФИКТ

 

Со цел поквалитетно практично усовршување на студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, факултетот формира СТУДЕНТСКИ РАБОТНИ ГРУПИ каде студентите ќе работат на практични проекти од областите:

  • Софтверско инженерство
  • Embedded software development

Студентските работни групи ќе бидат раководени од ментори од ИТ компании и професори од факултетот, кои ќе ги водат студентите во процесот на изработка на проектите. Проектите ќе се изработуваат во групи од по 3 до 4 студенти.

На студентите кои минатата година активно учествуваа во изработката  на проектите им беа доделени сертификати од старана на ИТ компаниите, беа повикани на пракса во компанијата која ги менторираше, а некои компании на најдобрите студенти доделија награди, стипендии и можност за вработување после завршувањето на студиите.

Студентите кои активно ќе работат во рамките на студентските групи ќе добијат бодови за одредени испити кои ги полагаат на ФИКТ и ќе им биде призната праксата за 2018 год.

На повикот можат да се пријавуваат студентите од ВТОРА, ТРЕТА и ЧЕТВРТА година на ФИКТ со пријавување на Online формата: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSejtE397KozDHQ0dXJr_obezNotZ_KhRMcbJy7jw-J2fX9eYA/viewform најдоцна до 25.02.2017!

Напомена! Студентите да внимаваат при пријавување да се регистрираат само еднаш, за да не се повторуваат истите студенти повеќе пати!