ПОВИК за ERASMUS+ мобилности во Академска 2018/2019

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2018 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, УКЛО објавува Повик за мобилност во рамките на Е+ Програмата:

KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

  • мобилност на студенти за студирање
  •  мобилност на студенти за стажирање
  • мобилност на академски кадар за настава
  • мобилност на академски кадар за обука

Времетраење на мобилноста

Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци

Кадри – пет работни денови (со минимум осум часови настава)

За академската 2018/2019, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2018 до 30/09/2019.

Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/ta…/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e).

Важно: пред пријавување

Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.

Потребни документи за пријавување на студенти

Пополнет формулар за пријавување

Потврда за редовен студент

Уверение за положени испити

CV (Europass формат)

Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на наставни кадри

Пополнет формулар за пријавување

Потврда за редовен работен однос

CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот на факултетот: 04/06/2018