Посета во рамките на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС

Во периодот од 15-19 мај 2017 г. на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола ќе престојуваат Pivk Marjetka и Romanca Krivec претставнички на канцеларијата за меѓународна соработка на Факултетот за администрација во Љубљана. Посетата се реализира во рамките на програмата ЕРАЗМУС ПЛУС, а има за цел зајакнување на соработката меѓу двата универзитета, размената на искуства во меѓународната размена на студентите и наставниот кадар, како и промоцијата на Универзитетот во Љубљана како дестинација за реализација на мобилност.