Потпишан договор за соработка со фирмата Јавен адвертајзинг од Битола

Факултетот за информатички и комуникациски технологии потпиша договор за соработка со фирмата Јавен адвертајзинг од Битола (Javen.mk). Потпишаниот договор отвора низа можности за студентите на ФИКТ во поглед на стекнување поголемо практично искуство. Посебно е задоволството што фирмата Јавен адвертајзинг е основана и менаџирана од бивша студентка на нашиот факултет, а денес успешна бизнис жена.

javen