ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ БИТХаб ОД БИТОЛА и SEEUTECHPARK ОД ТЕТОВО

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ БИТХаб ОД БИТОЛА и SEEUTECHPARK од тетово

 

На 18ти Август 2017 официјално беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу БИТХаб инкубаторот и акцелератор при Факултетот за информатички и комуникациски техниологии (ФИКТ) во Битола и SEEUTechPark од Тетово, со што се продолжува праксата на поддршка на претприемништвото во виското образование.

БИТХаб-от е лоциран во просториите на ФИКТ-Битола, и за потребите на истиот во тек е подготовка на нов целосно опремен простор од 800м2, чие опремување се остварува со поддршка на Проект добиен од Европската Комисија во рамките на Програмата за прекугранична соработка – Interreg IPA Cross-Border Programme “Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia 2014 – 2020”. Просторот на БИТХаб-от е  специјално дизајниран и на идните претприемачи, ќе им овозможи полесно преточување на нивните ИТ вештини во креирање на нови стартап и технолошки компании.
На обострано задоволство, SEEUTechPark како искусна организација која успешно работи на ова поле веќе подолг период, се обврза да го помогне процесот на зајакнување на капицитетите на менаџментот на БИТХаб во насоки на пренесување на досегашното искуство, како и најдобрите практики од работењето во доменот на претприемничките, стартап и технолошки програми засновани на локалните потреби.

На средбата дискутирана беше и идната соработка на двете организации во правец на поддршка на локалниот и националниот екосистем. Двете страни се согласија да работат заедно на проектни активности и имплементирање на најновите концепти кои би биле од обостран интерес не само по институциите, туку и по развојот на високообразовните средини од кои потекнуваат.

picture110