Предавање на тема Интеграциски технологии: MuleSoft и SnapLogic

Во четврток, 08.03.2018 година, во 14:00 часот, во свечената сала во Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, претставници од ИТ компанијата Interworks ќе одржат предавање на тема Интеграциски технологии: MuleSoft и SnapLogic. Предавањето е отворено за сите заинтересирани студенти.