Предавање на тема Big Data на ден 03.05.2016 со почеток во 8.00 часот

На ден 03.05.2016 година, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, со почеток во 8.00 часот во Свечената сала на Факултетот ќе се одржи гостувачко предавање. Гостувачкото предавање се реализира во рамките на програмата за размена на наставен и студентски кадар ЕРАЗМУС ПЛУС.

Гостувачкиот наставен кадар е професорката Sanda Martinčić-Ipšić вонреден професор на Одделот за Информатика при Универзитетот во Риека, Република Хрватска.

Предавањето е на тема Big Data.

Сите заинтересирани студенти и професори може да присуствуваат на предавањето.