Предавање на Interworks на тема Интеграциски технологии: MuleSoft и SnapLogic

Во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски техноогии – Битола, предавање на тема Интеграциски технологии: MuleSoft и SnapLogic, одржаа претставници на ИТ компанијата Interworks од Битола. Покрај презентерите на средбата присуствуваа и директорот на технологија Марјан Стерјев и Иван Трпков, сениор технички архитект. Покрај образложението на основните функционалности на претставените интеграциски технологии, на студентите им беше соопштено дека Interworks организира и кратки курсеви за подетално запознавање со овие технологии. Воедно, претставниците ја соопштија и потребата на Interworks од нови кадри кои би работеле во оваа сфера. Сите студенти кои се заинтересирани да ги збогатат своите знаења со овие технологии, или имаат желба да најдат работен ангажман во компнијата Interworks, слободно можат да се обратат директно во самата компанија, или кај продеканот за финансии и соработка со стопанството на Факултетот, доц. д-р Зоран Котевски.

interworks 1 interworks 2 interworks 3