Презентации на студентски проекти

На 09.06.2017 година (петок), со почеток во 12:00 часот, се одржаа презентации на 19 (деветнаесет) студентски проекти, реализирани под менторство на наставници од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, како и на ментори од осум ИТ компании: Asidus, Cosmic Development, Endava, InterWorks,iSource, NBD Soft, Seavus и X3M Labs.

На крајот на настанот, во знак на благодарност, Факултетот им додели сертификати на претставниците од компаниите, а тие, пак, им доделија сертификати на студентите – членови на работните групи.

Настанот го водеше продеканот за финансии и соработка со стопанството, Доц. д-р Томе Димовски.

1 2 3
4 5 6