Претседател на Факултетското студентско собрание

Бр.03-303/3

28.05.2019 година

Битола

 

О Д Л У К А

 Врз основа на член 37 од Законот за високото образование, член 41 и 42 од Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола, член 22 и 23 од Статутот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, а по објавениот оглас за избор на претседател на Факултетското студентско собрание објавен на web страната на Факултетот и огласна табла на Факултетот на 25.04.2019 година, и резултатите од спроведените непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање на 27.05.2019 година за избор на претседател на Факултетското студентско собрание, Изборната комисија констатира дека:

 

 

За претседател на Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола е избрана Трајковска Анета со број на индекс ИНКИ 366, со мандат од една година и со право на уште еден избор.

 

Изборната комисија потврдува дека Трајковска Анета е избрана на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање на 27.05.2019 година, од страна на студентите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

 

 

Изборна комисија