Работилница „Ние сме визуелни“ на ФИКТ

Денес на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола се одржа интерактивна работилница „Ние сме визуелни!“ од страна на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола.

 

За време на работилницата се погледаа филмовите „ КУСА ИСТОРИЈА НА ЏОН БАЛДЕСАРИ “ и „ТУЛИБУ ДИБУ ДАУЧУ“ од прирачникот „Ние сме визуелни“ на Зружението МакеДокс. Филмовите ги адресираа темите: уметност, популарна култура, масовни медиуми, критичко мислење, медиумска писменост, образование за медиуми.

 

Исто така, за време на работилницата ФОРУМ 16 сподели информации за формирањето на првата кино келија во Македонија, наречена КиноБит, како дел од светското Кино движење кое значи продукција на кратки филмови во кратко време. Првиот настан на КиноБит е предвидено да се одржи во текот на есента 2018 година.

DSCF5260 DSCF5259 DSCF5251 DSCF5240
DSCF5228 DSCF5227 DSCF5216 DSCF5209