Свечено доделени дипломи и презентација на проектот EMPLOYOUTH

Свеченото доделување на дипломите на дипломираните и магистрираните студенти се одржа на 27.12.2018, на пригодна свеченост во хотел Епинал – Битола.

На пригодната свеченост, исто така, беше промовиран и проектот EMPLOYOUTH – Креирање можности за вработување на младите дипломирани кадри во прекуграничната област, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. Овој проект нуди поддршка на младите невработени и вработени кои сакаат да станат “газди”, дипломирани и студенти, и сите оние млади до 35 години кои имаат идеа да започнат свој бизнис или проект.

Како посебен дел од свеченоста претставнинци на две успешни компании од градот одржаа презентации на своите дејности и патот кој го поминале при основањето на сопствениот бизнис. Во овој дел говореа Ана Ристевска, претставник на компанијата Јавен Адвертајзинг и Мирослав Николовски, претставник од компанијата Цилиндо.

 Сите заинтересирани кои сакаат да учествваат во проектот EMPLOYOUTH и да развијат сопствена бизнис идеја можат да се пријават на employouth.fikt.edu.mk

1 2 3 4
5 6 7 8
IMG_1799 IMG_1812 IMG_1966 IMG_1960
IMG_1954 IMG_1950 IMG_1924 IMG_1969
IMG_1972 IMG_1974 IMG_1975 IMG_1991
IMG_2033 IMG_2037 IMG_2046 IMG_2091