Свечено доделување на дипломите на 28 Јуни 2019 (Петок) во 12:00 часот

Драга Колешке/ Драг Колега,

Дозволете да Ви честитам на неодамнешното дипломирање. Се надевам дека веќе ги уживате плодовите од стекнатото образование на Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

Доаѓа време кога треба и да го овековечите еден од најважните настани во Вашиот живот – Вашето дипломирање. Време е да Ви се додели Вашата чесно и тешко стекната диплома.

Доделувањето на дипломите ќе се реализира на пригодна свеченост на Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Затоа особена чест ми е да Ве поканам на церемонијата на свечено доделување на дипломите која ќе се одржи на 28 Јуни 2019 (Петок) во новата зграда на Факултетот за информатички и комуникациски технологии со почеток во 12:00 часот. Свеченоста е од отворен и церемонијален тип и топло Ви препорачуваме да ги поканите и Вашите родители, роднини, пријатели…

 

На настанот ќе бидат поканети и ИКТ фирмите од регионот да ги презентираат своите активности, можности за вработување и сл.

Начелно сценариото на церемонијата ќе биде:

  • Регистрација на дипломираните студенти и облекување на свечени тоги
  • Поздравни обраќања
  • Доделување на дипломите
  • Фрлање на капите и заедничко фотографирање
  •  Саем на ИКТ фирмите од регионот
  •  Заедничко дружење

 

Во очекување на Вашето присуство срдечно Ве поздравувам.

 

Декан,

Проф. д-р Игор Неделковски

Напомена: Задолжително понесете документ за лична идентификација. Подигнувањето на дипломите мора да биде лично или со полномошно заверено на нотар. Препорачуваме да дојдете што е можно порано, пред 12:00 часот за да се избегнат редиците при регистрација.

Список на дипломирани Список на магистрирани
1 Колароска Симона
2 Алуловски Фонче
3 Котески Филип
4 Марковски Горан
5 Неделковски Дарко
6 Јовановски Николче
7 Богдановски Благоја
8 Попески Никола
9 Кулевски Филип
10 Стојаноска Христина
11 Стојановска Магдалена
12 Илиеска Марија
13 Бошевски Христијан
14 Николовски Дејан
15 Ѓоргиевска Емилија
16 Зиновски Маријан
17 Ивчевски Богдан
18 Крстевска Сашка
19 Ристов Мартин
20 Сивевски Николче
21 Стојановски Стефан
22 Ивчески Благоја
23 Стефановски Зоран
24 Седлоски Бобан
25 Сиљаноски Давор
26 Гелов Игор
27 Јовановски Димитар
28 Гичевска Александра
29 Стефаноски Зоран
30 Стефаноски Љупчо
31 Трајчевски Јове
32 Спасевски Даниел
33 Таневски Павле
34 Симон Деница
35 Несторова Весна
36 Стојановски Димитар
37 Гешоска Наталија
38 Бошевска Маја
39 Арсовски Ѓорѓи
40 Бачманов Пепи
41 Стоиловски  Горан
42 Солунчевска Мартина
43 Кириази Томе
44 Поповиќ Никола
45 Каранфилоски  Антонио
46 Поповски Јанку
47 Милиќ Драган
48 Мурџески Дарко
49 Верушески Дејан
50 Чипуроска Славица
51 Мандилоски Перо
52 Сламкоска Ивона
1 Николина  Лазароска
2  Апостолоска Кондоска Марија
3  Михајло  Хасану
4  Иван Милевски
5  Горан Славковски
6  Ботка Гацова
7  Весна Тозиевска