Свечено доделување на дипломи (декември 2018)

Доделувањето на дипломите ќе се реализира на пригодна свеченост во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, која ќе се одржи на 27 Декември 2018 (Четврток) во хотел Епинал – Битола со почеток во 11:00 часот. Свеченоста е од отворен и церемонијален тип и топло Ви препорачуваме да ги поканите и Вашите родители, роднини, пријатели…

Ова доделување на дипломи има посебна специфика бидејќи на настанот ќе биде промовиран проектот Креирање можности за вработување на младите дипломирани кадри во прекуграничната област (EMPLOYOUTH), финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. Овој проект ќе ги подржи младите невработени и вработени кои сакаат да станат “газди”, дипломирани и студенти, и сите оние млади до 35 години кои имаат идеа да започнат свој бизнис или проект.

На настанот ќе бидат поканети и ИКТ фирмите од регионот да ги презентираат своите активности, можности за вработување и сл.

Начелно сценариото на церемонијата ќе биде:

–          Регистрација на дипломираните студенти и облекување на свечени тоги 10:00 – 10:45

–          Поздравни обраќања 11:00 – 11:15

–          Презентација на проектот EMPLOYOUTH 11:15 – 11:45

–          Доделување на дипломите 11:45 – 12:30

–          Фрлање на капите и заедничко фотографирање 12:30

–          Коктел,  дискусија и заедничко дружење со пријатна музика 12:30 – 15:00

Список на дипломирани студенти